GEELY И LYNK & CO – 2 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Две години по започнувањето на продажбата на возилата Geely и Lynk & Co под
дилерство на Delfino Mobility Group, македонскиот пазар бележи значителен
раст на интересот и довербата во овие брендови.
На 1 април 2024 година беше отворен првиот pop-up салон во Џевахир Мол во
Скопје – пионерски концепт од ваков тип во поширокиот регион. Овој
иновативен пристап им овозможи на посетителите директно да се запознаат со
брендот, кој брзо беше препознаен како високо квалитетен и технолошки
напреден производител, со јасна диференцијација од останатите кинески
автомобилски брендови.
Само неколку месеци подоцна, Delfino Mobility Group го прошири своето
портфолио со Lynk & Co – урбан премиум бренд од групацијата Geely, кој се
проектира и дизајнира во Гетеборг, Шведска. Со ова, компанијата дополнително
ја зацврсти својата позиција на пазарот, нудејќи современи, стилски и
технолошки напредни возила.


Geely и Lynk & Co, како на глобално, така и на локално ниво, се позиционираа
како брендови кои нудат врвен дизајн, напредна технологија, висок квалитет и
највисоки безбедносни стандарди. Возилата се одликуваат со богато ниво на
опрема и внимателно дизајниран ентериер, додека довербата кај купувачите
дополнително се зајакнува со брза испорака и обезбеден овластен сервис.
Современиот салон во Скопје, лоциран на Градскиот стадион – Северна
трибина, претставува уникатен концепт што обединува два изложбени салона
за Geely и Lynk & Co, подкаст соба и кафетерија „Амон“, создавајќи простор за
деловна комуникација и пријатно искуство за посетителите. Овој концепт беше
препознаен и награден со признание за најдобар Geely салон во светот за 2024
година.
Во насока на понатамошен развој, Geely групацијата во текот на 2026 година
планира лансирање на околу 10 нови модели, со фокус на интелигентна
електрификација и интеграција на најновите технолошки иновации во
глобалниот автомобилски екосистем. Дел од овие модели ќе бидат достапни и
на македонскиот пазар.
По повод двегодишнината на Geely Македонија, за купувачите е обезбеден
роденденски попуст до 5.000 евра на сите возила од понудата.

*ПР Соопштение