CHERY TIGGO 7 PRO PHEV – Ќе најдеш подобра опција?!

Дали ќе најдеш подобра опција во оваа категорија за таа цена со тие перформанси и опрема – предизвикот е даден, чекам во коментар да пишете ваши мислења!
Не ги бранам кинезите, но ова е реалноста во моментов колку и да ни се допаѓа или не, а може има и нешто подобро од ова, но во секој случај кај Tiggo 7 Pro PHEV мислам дека не доплаќаме само за хибридниот систем за да намалиме на потрошувачка туку и за перформансите кои се со 1,5 турбо бензински мотор и заедно со хибридот произведуваат 278 коњски сили со што никогаш нема да си го поставиш прашањето дали ќе ми бидат малку тие перформанси!

Дефинитивно имам одредени критики, кои се објаснети детално во видеото – затоа погледни го и пиши ми во коментар што мислиш за Chery Tiggo 7 Pro PHEV

Секако придружи ни се! #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!