Ги бараме најдобрите, најзабавните, најинтересните патишта за возење во Македонија!
Ова е мој нов серијал, кој долго време сакав да го започнам и сега заедно со Пепи во оваа прва епизода возиме до Водно! Ние во Македонија сме пресреќни со она што го имаме од самата природа, од сценаријата од самата природа околу патиштата, од локациите кои ги имаме за возење, од забавата што се добива при секое возење до целта.
Скопје е еден од ретките градови кои има планина во самиот град на само неколку минути од централното градско подрачје до самиот врв на планината. Водно има голем белег врз нас ентузијастите дали од трките, дали од прошетките, спорт или чисто само да разбистриш мисли – верувам дека голем број од нас Водно го имаат искачено, извозено безброј пати и секој пат постои како опција за каде да отидеш, а да се отргнеш од се.. Водно е наше легендарно место, на Водно сите ние имаме по некоја случка, меморија која си ја памтиме и не врзува..
Ова е само почеток, ова е само еден дел од сите други патишта кои ќе ги извозиме заедно ова е DRIVE МАКЕДОНИЈА! И дефинитивно со ова сакаме да ве мотивираме и вас и вие да излезете и да извозите ваша тура со ваше друштво со ваш автомобил, креирајте мемории кои многу значат! Ние само предлог даваме.. Секако пишете во коментар ваша случка од Водно, чекам ваш предлог за наредна локација за возење и секако коментар за самото видео кое многу ни значи и мене и на Пепи!
#RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!

