Ова се победниците на ЗЛАТНО ТРКАЛО

Ова се најпосакуваните автомобили во Макеоднија за 2026та година според изборот на ЗЛАТНО ТРКАЛО каде како организатори на овој настан сум јас RPM.mk, како и колегите од CarClub, CarsbyVik и АвтоПлус.

Оваа година забележавме околу 20,000 гласови, тоа се ваши гласови според кои и се одбираат самите победници, кои оваа година беа поделени во 4 категории вкупно 16 возила.

Победници по категории: 

– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 43,2% од гласовите – Audi Q5

– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 25,3% од гласовите – Opel FRONTERA

– Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 26,5% од гласовите – Renault CLIO

– Најпосакуван ЕлектрифициранАвтомобил во Македонија со 21,6% од гласовите – Lynk & Co 08

Од името на организаторите, им честитаме на победниците и ви посакуваме успешна година во продажба на најпосакуваните модели.

Но и огромно благодарам на сите вас кои гласавте и кои одбравте кои се најпосакуваните автомобили за оваа година.

Многу наскоро ќе се одржи гала вечер каде официјално ќе бидат прогласени победниците и каде ќе им бидат доделени статуетките!