Мотоцентар – ексклузивен застапник на Dunlop и Falken во Македонија

Компанијата  Мотоцентар⁠, еден од најреномираните дистрибутери и сервисни центри за гуми во Македонија, официјално станува ексклузивен застапник на светски познатите брендови Dunlop и Falken, дополнително зајакнувајќи ја својата понуда со производи кои претставуваат синоним за квалитет, безбедност и врвни перформанси.

Со повеќе од 30 години присуство на македонскиот пазар, широка продажно-сервисна мрежа и долгогодишна доверба од илјадници клиенти, Мотоцентар континуирано инвестира во проширување на своето портфолио со водечки светски брендови и најсовремени решенија за мобилност. Денес компанијата располага со 10 продажно-сервисни центри низ државата и претставува еден од лидерите во индустријата за гуми и авто-сервисни услуги во Македонија.  

Falken – јапонска технологија создадена за високи перформанси

Falken е глобален бренд на јапонската групација Sumitomo Rubber Industries, основан во 1983 година како бренд специјализиран за гуми со високи перформанси. Денес Falken е присутен на сите светски пазари и е препознатлив по иновативните технологии, одличниот однос помеѓу квалитет и вредност, како и континуираното присуство во професионалниот мотоспорт.

Преку своето учество во престижни мотоспорт натпреварувања, Falken постојано ги усовршува своите производи, нудејќи гуми кои обезбедуваат сигурност, контрола и врвни перформанси во различни услови на возење. Брендот е особено ценет меѓу возачите кои бараат динамично возење, напредна технологија и долготрајност.

Како дополнителна потврда за довербата во квалитетот на Falken, Мотоцентар на македонскиот пазар нуди единствена 5-годишна гаранција за гумите од овој бренд. Гаранцијата претставува дополнителна вредност за потрошувачите и уште една потврда за високите стандарди на производство, издржливоста и сигурноста што Falken ги нуди на своите корисници. Оваа поволност е дел од заложбата на Мотоцентар да обезбеди не само врвни производи, туку и долгорочна грижа и сигурност за своите клиенти.

Dunlop – повеќе од 135 години иновации и мото спортска традиција

Dunlop е еден од најстарите и најпрепознатливи брендови во светската индустрија за гуми. Неговата приказна започнува во 1888 година кога Џон Бојд Данлоп ја патентира првата практична пневматска гума, иновација која засекогаш ја промени автомобилската индустрија и современиот транспорт.  

Низ својата повеќедецениска историја, Dunlop се етаблира како бренд кој ги поставува стандардите за квалитет, безбедност и технолошки развој. Брендот е препознатлив по бројните успеси во мотоспортот, каде неговите технологии се тестираат во најекстремни услови и подоцна се применуваат во сериското производство. Од тркачките патеки до секојдневното возење, Dunlop останува симбол на доверливост, иновација и врвни перформанси.  

Квалитетот на Dunlop е редовно потврдуван и од независни европски тестирања и автомобилски медиуми. Меѓу наградите се и за моделот Dunlop Sport Maxx RT2 кој беше прогласен за UHP Tyre of the year, благодарение на одличните перформанси на влажна подлога, нискиот отпор и ниското ниво на бучава.

Нова вредност за македонските возачи

Со ексклузивното застапување на Dunlop и Falken, Мотоцентар им овозможува на македонските потрошувачи директен пристап до две светски признати марки кои комбинираат традиција, иновации и врвни перформанси. Ова партнерство претставува уште еден чекор во стратегијата на компанијата за обезбедување најквалитетни производи и услуги за сите категории возила, потврдувајќи ја нејзината позиција како еден од лидерите во индустријата во Македонија.