CITROEN C5 AIRCROSS – Како треба да изгледа комфорот?!

Денес имаме можност да видиме огромен број на нови возила, да се запознаеме со нови брендови и да видиме веќе долго постоечки модели како нудат нешто што не се, никогаш не биле и тешко им оди да бидат нешто што неможат да бидат, додека Citroen сигурно оди и претставува она во кое одсекогаш биле најдобри – комфорот. Без разлика дали тоа значи комфор од седишта или суспензија или пак креативни решенија, тука доминираа и тука продолжуваат да работат – тоа ми се допаѓа, знаеш што да очекуваш и знаеш како ќе функционира сето тоа!

Ова е новиот Citroen C5 Aircross кој е поголем, помасивен, покомфорен, а е понуден со цена и опрема која е доста интересна особено кога ќе се види целата конкуренција.
Секако го очекувам вашиот коментар со ваше мислење за овој модел, дали Citroen успеале повторно да погодат во она што одсекогаш биле најдобри..

Секако придружи ни се! #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!