Во 2025та година, новите SUV модели, од Opel Mokka до Opel Frontera, па сè до моќните нови верзии на Opel Grandland Electric, го прославија своето лансирање на пазарот. Во 2026 година фокусот ќе се префрли на Opel Astra. Исклучително популарниот автомобил од компактна класа, кој е дизајниран, конструиран и произведен во Rüsselsheim, наскоро ќе биде достапен во ново
издание со уште поостар дизајн, како и побројна врвна технологија и удобност. Односно за само неколку недели, јануари 2026 во Брисел ќе се претстави официјално новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer кои за првпат ќе ги видиме на Саемот за автомобили.
Opel уште сега веќе ни ги прикажува деталите за понатамошниот развој на успешниот модел кој е произведен во Германија.

Новата Astra Опел ја претстави како поостар, технолошки понапреден, бестселерот во компактната класа за прв пат со нов дизајн на Opel Vizor и трајно осветлен амблем Blitz. Сега доаѓа и со најновата технологија за осветлување Intelli-Lux HD со над 50.000 елементи како Intelli-Seats седиштата со ергономски карактеристики веќе стандардни од почетното ниво на опременост.
Она со што Opel е дополнително горд е тоа што користат 100 % рециклирани материјали во внатрешноста
- Проширен опсег: новата Astra Electric со опсег до 454 километри (WLTP)
- Познавачите на Opel веднаш ќе забележат дека новата Astra доаѓа со свеж дизајн, кој е решително инспириран од концепт автомобилот со високи перформанси Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo. Карактеристичното лице на брендот, Opel Vizor, сега е потесно и уште попрецизно дизајнирано. Осветлениот Opel Blitz, кој ја прослави својата премиера како препознатлива
- карактеристика кај врвниот Grandland SUV, сега гордо е поставен во центарот. Централниот, сега осветлен амблем на брендот, исто така, ја формира почетната точка за светлосните ленти што се протегаат хоризонтално во предните светла и вертикално во превојот на капакот на моторот. И овде, дизајнот е базиран на Corsa GSE Vision Gran Turismo. Резултатот: Opel Compass, осветлен за прв пат како дизајнерски лајтмотив на возилото и е помоќен од порано. Новата Astra изгледа уште поостра, поопремена и помодерна.
Многу набрзо по светската премиера ја очекуваме и во Македонија каде и подетално ќе можеме сите ние да ја видиме.
