PEUGEOT 308 – Која верзија ќе биде најпопуларна кај нас?!

Иако изгледа како само дизајнерско освежување, ова ново Peugeot 308 кој го возев и во хечбек, но и во караванската изведба доаѓа со многу поголеми промени кои на сите нас ни одговараат. Тоа се нови пакети на опрема со подобри цени и нова понуда на мотори и перформанси! Дефинитивно ова е кралот во овој сегмент, едвај чекам да го возам малку повеќе во Скопје и да издоминирам со него по скопските улици. Иако неможам да се пожалам од оваа интернационална премиера во Лисабон Португалија каде ме испрати Peugeot и Peugeot Macedonia! Инаку очекувајте и второ продолжение со нешто ексклузивно (имавте прилика ви го покажав на кратко) Секако следи не бидејќи #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија