По 3ти пат RPM во соработка со општина Кавадарци сме организатори на олдтајмер изложбата по повод тиквешки гроздобер. Оваа година вложивме максимален труд за промоција на олдтајмерите и јангтајмерите како културно наследство и токму затоа на сите учесници дадовме признание за зачувување на културното наследство, нешто што за жал никој не им го оддал тоа признание на тие луѓе кои вложиле труд време и енергија за тие возила да бидат гордост на нашата држава и на вакви настани.
Убава бројка на возила, одлични примероци изложени, многу насмевки и одлична атмосфера – Ви благодариме ние на вас што ни го овозможивте ова, овој ден. Огромна благодарност до општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев кои ни дадоа шанса за организирање на овој настан но и за нивниот труд за зачувувањето на културното наследство.
Исто така и огромна благодарност до нашите пријатели и поддржувачи на овогодинешниот настан – AutoSpa Detailing, Volani.mk, Carbox, Metaverse, Kupi Ukras, Pizza night, Tinted wraps

