Пристигна KIA EV3 во Македонија

KIA EV3 – нивниот нов електричен модел, пристигна и официјално во Македонија.

Овој модел кој е поставен на новата платформа E-GMP и нуди погон на предните тркала, со две опции за големини на батерии од кои во моментов е достапна 58,3kwh која овозможува опсег на километри до 600 километри и забрзување од 0-100 за 7,5 секунди.

Во внатрешноста може да се забележат вкупно 3 екрани од кои 2 се со големина од 12,3 инчи и се користат за инфозабавниот систем како и за пред возачот, додека третиот екран кој е со големина од 5 инчи се користи за контрола на климатизацијата. Додека на прв поглед делува практично и пространо. Багажниот капацитет е со големина од 460 литри кој доаќа во две нивоа.

Морам да признаам дека мене дизајнот ми делува кул, модерно и поразлично..
Што мислиш ти за него?

KIA EV3 веќе е на понуда и можете повеќе информации да добиете во KIA Macedonia