Volvo XC60, најпродаваниот SUV модел на Volvo, пристигна во Македонија со нов, освежен изглед и бројни подобрувања во технологијата, комфорот и дизајнот.
Volvo XC60, првпат претставен во 2008-ма година, денес го носи статусот на „светски автомобил на годината“, најпродаван plug-in хибрид во Европа, и симбол на безбедност и елеганција во ерата на SUV доминацијата. А сега, новата, освежена верзија на моделот е со модерен дизајн, интуитивен кориснички интерфејс, повисоко ниво на комфор и уште подобра и усовршена технологија.

Ова е автомобил кој не само што продолжува да го надградува наследството на легендарниот Volvo 240, туку и создава нови семејни приказни. Многу од оние што пораснале со Volvo 240, денес избираат XC60 за своето семејство, како природен избор кој ја спојува традицијата со модерната технологија и безбедносните стандарди.
Освежен дизајн. Напредна технологија. Повисок стандард. Volvo XC60 ја поставува новата референца во сегментот на SUV модели од средна класа. Над 1,5 милиони продадени возила низ светот и рекордните продажби во 2024-та година зборуваат за довербата што клиентите ја имаат во овој модел.
Со нов 11.2инчен централен екран, подобрен информативно-забавен систем и вградени Google сервиси, новиот XC60 нуди поинтуитивно и побрзо корисничко искуство. Новите бои како Forest Lake и Aurora Silver, како и освежените фелни и затемнети задни светла, сега, го прават XC60 уште поелегантен и попосакуван. Внатрешноста е облагородена со нови премиум материјали, како Quilted Nordico и Navy Herringbone Weave, паметно складиште, подобрено безжично полнење и исклучителен просторен багажник.

Сето ова е заокружено со легендарната удобност на Volvo седиштата, ултра тивката кабина, опционалната воздушна суспензија, како и системот за прочистување воздух за подобра благосостојба за време возењето. А за оние што уживаат во совршен звук – Тука е и Bowers & Wilkins аудио системот кој нуди идеално квалитетен звук.
Официјалниот увозник и дистрибутер на Volvo за Македонија, Premium Brands, со задоволство објави дека новиот Volvo XC60 е веќе достапен во салонот на ул. Перо Наков бр. 25 и ги повикува сите љубители на врвната безбедност и шведскиот луксуз на тест возење и лично запознавање со овој модел.


