MAZDA MX-5 ND – Зошто ова е најзабавниот мал спортски автомобил?

Го возев еден од најпознатите роудстери во историјата, четвртата генерација на MAZDA MX-5. Овој модел не смее никој да го потцени, верувајте ќе ве изненади сите со она што го нуди.

Со враќањето на корените односно да биде лесен, забавен со погон на задните тркала и дизајн кој зрачи со карактер – ова дефинитивно е автомобил за секој вистински ентузијаст..

Никој пат до сега не сум размислувал за MX-5 како модел кој би сакал да го имам, сега после оваа епизода веќе сум во потрага по овој модел.

Што мислите вие?! Дали ова е најзабавниот мал спортски автомобил или има нешто што може да му биде сериозна конкуренција денес?! Ги очекувам вашите коментари! Следете не!

Придружи се на најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија! #RPMmk Секој ваш коментар, заследување на каналот и споделување на видеата ми значи премногу бидејќи само со вашата поддршка можам да ви покажам интересни автомобили кои ги нема секаде!!