RENAULT 4 – Враќање на легендата?!

Бев на интернационалната премиера на новото Renault 4 во Лисабон, Португалија. Ова досега можеби е еден од автомобилите кој со најголемо нетрпение го очекувавме, бидејќи е оживување на еден модел кој остави силен белег во автомобилската индустрија, а сега се поставува прашањето дали ова е враќање на легендата или ова ќе биде една нова легенда која има силна позадина?! Мораме на ум да имаме дека сепак се 60 тина години разлика од едниот до другиот модел, многу различни потреби и барања од тогаш до сега.. Што мислите вие?! Го очекувам вашето мислење во коментар! Придружи ни се! #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!