Пристигна новата Opel Mokka

Благодарение на Opel и Opel Macedonia на почетокот од оваа година бев во Палма де Мајорка на интернационалната премиер на новата освежена Opel Mokka и тоа на хибридната изведба, но исто така и на целосно електричната верзија. Таму имав прилика меѓу првите да ја возам и искусам новата освежена Mokka за што тоа видео веќе е и објавено на Youtube, а сега и официјално пристигна и во Македонија.

Она што тука во Македонија имав прилика да го видам на нејзиното претставување беше со заводливата Tropical Green боја со GS ниво на опременост, додека она што е најавено и веќе на понуда, тоа е нејзината цена за Edition ниво на опременост со цена од 21,990 евра.

За да видите што се има од измени новата Opel Mokka можете да го погледнете нашето видео директно од интернационалната премиера