Април 2025 – На престижниот Белградски саем за автомобили, Lynk & Co 02 направи вистински бум со своето регионално деби. Целосно електричниот модел привлече огромно внимание и интерес кај посетителите, што претставува значаен чекор напред за брендот во Југоисточна Европа – и потенцијален сигнал за скоро пристигнување и на македонскиот пазар.
Белградскиот саем, како водечки автомобилски настан во регионот, привлекува производители, медиуми и љубители на автомобили од цела Југоисточна Европа, вклучително и од Македонија. Овојпат, токму Lynk & Co 02 го доби вниманието со својот модерен скандинавски дизајн, напредна технологија и еколошка ориентација.

02 е првиот целосно електричен модел на Lynk & Co наменет за европскиот пазар – дизајниран во Шведска и развиен во соработка со заедницата Co:lab. Комбинира елеганција, дигитална иновација и одржливост – вредности што сè повеќе ги бараат и потрошувачите во Македонија.
Одговорот на публиката во Белград не само што беше позитивен, туку веќе е и преточен во резултат – повеќе од 50 возила ќе бидат испорачани на клиенти во Србија и околните земји, што е важен показател за интересот и подготвеноста на регионот за ваков тип на мобилност.

Џејсон Кени, менаџер на брендот за Југоисточна Европа, изјави:
„Одушевени сме од приемот што го доби Lynk & Co 02. Реакциите беа фантастични, а фактот што веќе испраќаме 50 возила до клиентите е доказ дека регионот, вклучувајќи ја и Македонија, е подготвен за нова, паметна и одржлива мобилност.“
Зошто Lynk & Co 02 е важен и за македонскиот пазар?
Електричен домет до 445 км, совршен за секојдневно возење – и во град и на отворен пат.
21 напреден систем за безбедност, вклучувајќи автоматско сопирање, асистенција за одржување возна лента и повеќе.

Стандардна опрема: панорамски кров и електрично отворање багажна врата – без доплата.
Модерен ентериер со 5G поврзување, безжично полнење и амбиентално прилагодливо осветлување.
Одржливи материјали и рециклиран ентериер – совесен избор за иднината.
Иновативни решенија за складирање, вклучувајќи и преден багажник со капацитет од 15 литри.

Со зголемениот интерес за електрични возила и во Македонија, пристигнувањето на Lynk & Co 02 може да значи нова ера на урбана и одржлива мобилност. За сите љубители на автомобили кои бараат нешто поинакво, 02 нуди токму тоа – смел дизајн, интелигентна технологија и вистински еколошки пристап.
Ние од RPM.mk веќе добро сме запознаени со Lynk & Co 02, бидејќи присуствувавме на европската премиера што се одржа на почетокот од оваа година и истото можете да го погледнете тука.
ПР Соопштение