Официјално беа доделени наградите Златно Тркало 2025 – Ова се Најпосакуваните автомобили во Македонија!

Официјално ги доделивме наградите Златно Тркало 2025🥳
Синоќа и официјално ги доделивме наградите на победниците во вкупно 5 категории од ова 6то по ред Златно Тркало каде со вашиот глас ги добиваме Најпосакуваните автомобили во Македонија!
Покрај наградите на победниците и оваа година доделивме признание на Филип Аначковски за особен придонес и промоција на Македонија и македонскиот автомобилизам – инаку Филип е повеќе години дел од тимот на Rimac Automobili и е одговорен за производство на хиперавтомобили во Bugatti Rimac.💪👏🏻
Оваа година победници односно како Најпоскаувани автомобили по категорија се:

  • Cupra Formentor – Најпосакуван Автомобил во Македонија
  • Audi A5 – Најпосакуван Премиум Автомобил
  • Opel Grandland – Најпосакуван Семеен Автомобил
  • Geely Coolray – Најпосакуван Градски Автомобил
  • Peugeot 3008 – Најпосакуван Електрифициран Автомобил

Им честитаме на победниците, на Филип и секако Ви благодариме на Вас за сите ваши гласови кои ги дадовте за да ги добиеме Најпосакуваните автомобили!💪😎🇲🇰