По 15 дневното гласање (вкупно 21ден продолжено поради немилиот настан во Кочани), гласање во кое токму вие имавте право да го дадете вашиот глас за вашите најпосакувани автомобили за 2025та година, односно од вкупно 30.630 гласања кои ги забележавме во овој период во 5 категории ги добивме победниците на Златно Тркало за најпосакувани автомобили во Македонија.Односно победниците по категории се следните:
– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 39% од гласовите избран е Cupra Formentor
– Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 35% од гласовите – Audi A5
– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 27% од гласовите – Opel GRANDLAND
– Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 24% од гласовите – Geely COOLRAY
– Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 30% од гласовите – Peugeot 3008
Им честитаме на победниците од ова 6то по ред Златно тркало, многу наскоро ќе се оддржи и официјален настан каде ќе им бидат доделени наградите на победниците, додека на вас ви благодариме за секој глас кој го дадовте, што не поддржувате секоја година се повеќе и што благодарение само на вашите гласови ги избираме најпосакуваните автомобили во Македонија