Гласај за твојот најпосакуван автомобил – ЗЛАТНО ТРКАЛО 2025

Од денес започнува гласањето за вашиот најпосакуван автомобил за 2025та година. Односно, Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, каде ние RPMmk заедно со Автоплус, Carclub и CarsbyVik 6ти пат по ред ја продолжуваме својата традиција со наградата Златно тркало избор преку кој вие со ваш глас имате право да го одберете вашиот фаворит во неколку категории. Што значи дека од денеска (15 март) па се до 31 март, вие можете да го дадете вашиот глас во секоја категорија одделно за секој ваш фаворит. Секако голем број од финалистите веќе ги имате погледнато на нашиот канал, а и во прилог под секој кандидат имате можност и повторно да го видите нашиот тест за секој автомобил поединечно за да дојдете до вистинскиот заклучок. Оваа година во конкуренција влегуваат вкупно 20 автомобили поделени во 5 категории..

Погледнете ги сите категории и гласајте за вашиот најпосакуван автомобил за 2025та година  Гласај тука