На покана од Opel, бев во Палма де Мајорка на интернационалната премиера на новиот Opel Grandland PHEV, неодамна имавме можност Grandland да го видиме и во Македонија, но овој пат јас имав прилика да ја возам новата плаг-ин хибридна верзија со 196 коњски сили и 350Nm.
Покрај новите перформанси, новиот погон кој сметам дека е идеален за овој модел, она што ме фаснинираше е и неговиот вкупен опсег кој го нуди со полн резервоар и батерии, односно овозможува да поминеме околу 1000 километри. Погледнете го видеото и дознајте се за новиот Opel Grandland PHEV!

