ГРАНД АУТО со поддршка за Фудбалската федерација на Македонија

Гранд Ауто, официјалниот застапник на ФОРД, ХЈУНДАИ, МГ МОТОР и ЧЕРИ за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.

ФОРД и ХЈУНДАИ, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, Европски и Светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на фудбалот’ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто.

Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Grand Auto“, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery во Македонија, отсекогаш сме биле посветени на напредокот – како на патиштата, така и во заедницата. Оваа година, по нашето неодамнешно ребрендирање, поставивме јасна цел: активно да го поддржуваме развојот на спортот во нашата земја.
Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес. Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.