Новиот Opel Grandland беше промовиран на македонскиот пазар, во просториите на продажниот салон на Opel Македонија
Овој грандиозен модел претставен во својата промотивна Copper боја, не пречека со сите свои новитети, гордо истакнувајќи ја новата генерација Vizor маска поставена во 3D, со илуминирано лого пресликана од прототипот “Opel Experimental“. Новитет кој за прв пат е претставен кај Opel и воопшто кај некој модел од целата Стелантис групација, како и илуминирано име на брендот од задната страна давајќи му еден уникатен светлосен потпис во Edge Light технологија.
“Grand” ефектот се постигнува со зголемените пропорции на возилото со +17 cm поголема должина и +11 cm поголемо меѓуосовинско растојание од предходникот кои обезбедуваат поголем простор на задната клупа и 550 литри багажен простор.
Чистиот дизајн пак преовладува по цела должина на возилото, без кровни шини за постигнување на одличен коефициент на аеродинамика од Cx28, ослободен од хром во форма на украсни лајсни или капачиња, со втиснато име на вратата од багажникот.
Цената на новиот Opel Grandland во Македонија, Hybrid со 136КС во Edition ниво на опременост ќе изнесува 32.990 €