Сара Мејс нов бренд амбасадор на брендот Chery во Македонија

Гранд Ауто како официјален импортер на автомобилскиот бренд CHERY со гордост објавија дека познатата македонска музичарка Сара Мејс станува официјален бренд амбасадор на CHERY во Македонија. Објавата беше направена на ексклузивна прес-конференција што се одржа на патувачкиот салон на Гранд Ауто, лоциран во East Gate Mall, Скопје.

За време на прес-конференцијата, Сара Мејс ја изрази својата возбуда што стана дел од CHERY семејството, изјавувајќи: “Пресреќна сум што станувам бренд амбасадор на CHERY автомобилите во Македонија. Она што мене ме карактеризира е стилот, а и иновативниот пристап. Модерниот дизајн и посветеноста на квалитет што ги носи CHERY се совпаѓаат со моите вредности и креативност. Со нетрпение ја очекувам оваа возбудлива соработка и патувања со мојата нова убавица.”

Гранд Ауто, официјален импортер на CHERY во Македонија, ја нагласи посветеноста на брендот за присуство на пазарот, истакнувајќи ја улогата на Сара Мејс како влијателна јавна личност која ја отсликува динамиката и модерниот дух на брендот.