Се оддржа првиот фестивал на македонскиот автомобилизам – RPM Fest!
Место каде се промовираа сите новитети во автомобилската индустрија, оддадовме почит на македонската автомобилска историја, успешните автомобилисти, клубови и компании. Фестивал каде сите учесници имаа можност да извозат промотивен круг по главните улици на Кавадарци – едноставно ова беше фестивал како никогаш досега!
Сите кои бевте дел од овој фестивал, вие сте дел од новата автомобилска историја на Македонија! На овој фестивал можевме да ги видиме сите новитети кои ги нудат едни од најпопуларните автомобилски брендови во нашата држава – Peugeot, Opel, Renault, Dacia, DFSK, FOTON, Geely, Maserati, Ford, Hyundai, MG, Chery, Baic, но исто така можевме и да се запознаеме и со услугите на Autowelt, AutoSpa, Milanov Tuning и Autodoc, EPC, СобириМК, Roadmachines и многу други македонски авто клубови.
Исто така имавме можност и да видиме неколку ексклузиви од самите импортери како Maserati MC20, Lamborghini Huracan, Renault Alpine A110, Audi RS6 – автомобили кои не се уникати само кај нас туку и многу пошироко!
Ви благодарам на сите кои бевте дел и кои го овозможивте овој фестивал! Затоа придружете ни се – ние сме најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!