Peugeot 3008 – Може Peugeot да биде премиум?!

Peugeot во изминативе неколку години драстично го измени својот изглед, секој нивен нов модел буквално е ремек дело на улица, но исто така она кое Peugeot драстично го промени е и својот статус – бидејќи целат кон една повисока категорија, целат кон премиум класата. Нешто за што мислам дека многу успешно работат и покажуваат такви резултати. Новиот Peugeot 3008 е еден од тие модели кои го потврдува нивниот нов пат. Овој модел е во GT нивото на опременост – одлична богата опрема, ентериер како еден модерен дом, нов хибриден погон кој досега не сме го сретнале од овој вид и едно комфорно возачко искуство кое никогаш нема да го одбиете!Погледнете ја целата епизода со 3008 и чекам ваш коментар дали Peugeot може да биде премиум..