Олдтајмер изложба 2024 – 8ми септември Кавадарци

И официјално можам да го најавам со датум, час, локација и флаер олдтајмер собирот по повод тиквешки гроздобер. Локацијата е иста како и минатата година – пред платото на општина Кавадарци, кој ќе стартува од 10 часот и заеднички ќе се обидеме да ги надминеме уште повеќе бројките од лани. Ве очекувам сите кои имате олдтајмери – нашето културно богатство кога станува збор за автомобилизам да дојдете да се дружиме, да ги покажеме нашите олдтајмери. Влезот е слободен, но е потребна најава како би имале во предвид за поклони😉 Кој има право да учествува?! – Секој кој има олдтајмер или јангтајмер (според правилникот на FIVA) и најбитно кој има желба за дружење, почитување, зачувување и продолжување на традиција!Пријавувањето можете да го направите директно кај нас во порака😁 Се гледаме на 8ми (недела) во Кавадарци😎💪

*Кодекс за однесување ќе има и ќе мора да се почитува!