Кога станува збор за Мазда, кај нас секогаш постои констанација дека тоа мора да е нешто добро, што и е многу точно, но кога станува збор за новата Mazda CX60 – тогаш тоа е нешто многу, многу добро! Всушност овој модел е еден од победниците на Златно тркало за најпосакуван семеен автомобил за 2024 година! Во нашава држава си сакаме јапонци, нели?! Инаку она што е многу битно и ново за Mazda е тоа што целат кон премиум сегментот, мислам дека успеале во поглед на квалитетот, дизајнот и опремата! Секако и перформансите! Вреди да се погледне, видеото секако 😎ама мислам и на CX60 ако размислувате на автомобил од овој ранг..