Електричен крос?! – Surron Ultra Bee – Забава што ја сакам и ми треба!

Никогаш до сега немав возено крос, иако посакував да пробам ама едноставно немав.. Благодарение на All Electric имав прилика да ви го претставам Surron Ultra Bee – Surron е кинески бренд ама е еден од лидерите кога станува збор за електрични кросови! Лудо од мотор, нуди страшни перформанси, ама нуди и одлична забава, одличен адреналин – тоа се бара од една ваква играчка! Јас сега веќе дефинитивно знам што сакам ново да си купам – Surron, да се исцрпив физички додека возев, да имам уште за учење ама таа забава ја сакам и ми треба!