Синоќа заедно со нашите колеги и организатори на Златно Тркало – Авто Плус, Carclub, CarsbyVik и секако ние RPMmk ги доделивме статуетките на победниците од овогоднишното Златно Тркало за најпосакувани автомобили во Македонија за 2024 година.
Како што и претходно објавивме според вашите гласови кои оваа година беа над 20,000 гласови, во вкупно 5 категории се одбраа победниците:
- Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија – Porsche Panamera
- Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија – Audi Q8
- Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија – Mazda CX-60
- Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија – Opel Corsa
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија – Volkswagen ID.7
Покрај доделените статуетки, доделивме и признание за особоен придонес на македонци во автомобилската светска индустрија, плакета која ја доделува втор пат и сме горди што единствено нашата организација ги доделува овие признанија. Оваа година ова признание го доделивме на Томе Јовановски кој е Exterior Chief Designer во Jeep и сме дополнително горди што меѓу првите интервјуа кои ги имаме направено е токму тоа со Томе!
Секако наскоро ќе објавиме и видео од настанот! Следете не!