Гласањето за вашиот најпосакуван автомобил во вкупно 5 различни категории синоќа на 31ви март заврши!
Пред се Ви благодарам на сите вас кои го дадовте вашиот глас на Златно Тркало преку RPM – бидејќи само со вашиот глас се избира победникот!
До вчера 31 Март вкупно имавме 20.510 гласања во 5 категории. Ви благодарам од името на RPM и останатите организатори на Златно Тркало на сите вас кои гласавте!
Победници по категории:
- Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 39.90% од гласовите – Porsche Panamera
- Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 46.20% од гласовите – Audi Q8
- Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 29.49% од гласовите – Mazda CX-60
- Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 47.53% од гласовите – Opel Corsa
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 31.22% од гласовите – Volkswagen ID.7
Им честитаме на победниците и следете не бидејќи наскоро ќе одржиме и свечена манифестација каде ќе бидат прогласени сите победници!