Volkswagen направија неколку измени во новата генерација на најлуксузната верзија на Passat, на купе моделот Passat CC. Всушност една од промените е и името кое повеќе не го содржи зборот Passat, туку едноставно само CC што значи Комфорно купе… Причината за оваа измена е поради тоа што Volkswagen сакаат да го направат целосно независен овој модел од останатите!