Ова е второто продолжение од мојата обука за А категорија со Авто школа Мартин и во овој дел за првпат започнувам со возење на поголем мотор вклучително и со брзини..
Токму ова и сакам да го прикажам како од мое целосно непознавање благодарение на Стефан јас научив да возам, искрено ова искуство ми беше целосно ново, малку бев под стрес (позитивен нормално), но верувам дека низ овој процес голем број од кандидатите поминале или ќе поминат затоа и целта на ова видео е да ги видите сите предизвици кои ги имав и со кои вежби започнав!
И да и мене ми изгаси моторот неколку пати.. Верувам дека ќе ви се допадне целото видео, има што да се научи од Стефан и Авто школа Мартин, затоа погледнете го видеото и секако пишете некој коментар за овој дел од обуката!
Секако придружи ни се! #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија

