Официјално ги доделивме статуетките на победниците од овогодинешниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија – ЗЛАТНО ТРКАЛО
Веќе 7ма година по ред го организираме националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија кој е во организација на RPMmk заедно со колегите CarClub, Cars by Vik и Авто Плус.
Како и секоја година правото на глас го имате исклучиво вие и многу ме радува што оваа година постигнавме бројка од речиси 20,000 гласа во 4те категории, а како победници од резултатите ги добивме
Reanult Clio – Најпосакуван градски автомобил
Opel Frontera – Најпосакуван семеен автомобил
Lynk&Co 08 – Најпосакуван електрифициран автомобил
Audi Q5 – Главна награда
Дополнително и оваа година доделивме признание за особен придонес во македонскиот автомобилизам, која оваа година го доделивме на Игор Стефановски – Иџе, еден од најуспешните автомобилисти не само во Македонија, туку докажан неколку кратен европски шампион.
Ништо од ова неможеме без вас, за што сум ви лично благодарен за секој глас, за секое мислење. Многу наскоро очекувајте видео од целиот настан на мојот Youtube канал, а во меѓувреме ги следиме сите новитети кои ќе бидат можни финалисти за наредна година!
Честитки до победниците и посакувам многу продадени возила!









