Добродојдовте во новата ера на луксузот! Mercedes – Benz S-Class ја презентира последната визија на германскиот инженеринг – комбинација од моќ, технологија и беспрекорен комфор што повторно го поставува стандардот во сегментот на премиум седани.
Новата S класа добива освежен изглед со голема осветлена маска, нови ЛЕД twin star светла и опционален осветлена мерцедесовата ѕвезда на хаубата, детали што ја истакнуваат елеганцијата и идентитетот на брендот.

Овој модел ќе нуди повеќе моќни изведби односно, S500 4 matic – 3.0 литарски турбо линиски 6 цилиндричен мотор со 442 коњски сили.
S580 4 matic – 4,0 литарски V8 со 496 коњски сили , за подинамично возење.
S580e PHEV – комбинирано ќе произведува 585 коњски сили и електричен домет за градско возење од околу 90 километри
AMG S63 E Performance – спортска изведба со 791 коњски сили. Сите изведби доаѓаат со погон на сите 4 тркала и 9 степен автоматски менувач
Во поглед на технологиите, ќе биде опремена со најновата MB.OS платформа и MBUX Superscreen – системи што носат интелегентно управување, прилагодливи профили, ВИ асистенција и богати дигитални функции. Патниците уживаат во префинети материјали, масажа на седиштата, напредни системи за забава и многу повеќе шт ќе дознаеме кога ќе пристигне во Македонија.

