Моделот на Mercedes-Benz, CLA, победи во Брисел во финалното гласање со 320 поени и ја презеде титулата “Автомобил на годината” од Renault 5 E-Tech.
Европа го избра својот крал. Mercedes-Benz CLA стана “Автомобил на годината 2026”. На гала свеченоста одржана на Меѓународниот автосалон во Брисел, 59 членови на жирито за наградата “Автомобил на годината” донесоа своја одлука, избирајќи го новиот “крал” на европскиот автомобилски пазар. Наградата “Автомобил на годината” оваа година го слави своето 63-то издание, враќајќи го премиум брендот на самиот врв.

The all-new electric CLA is crowned the “Car of the Year 2026”
Mercedes-Benz CLA е прогласен за најдобар европски автомобил, победувајќи шест други кандидати во финалето: Citroën C5 Aircross, Dacia Bigster, Fiat Grande Panda, Kia EV4, Renault 4 и Škoda Elroq.
Оваа година, изданието беше поконкурентно од кога и да било, имајќи предвид дека сите финалистички модели имаат електрифицирани карактеристики, а најголемиот број од нив беа 100% електрични.
Со оваа победа, Mercedes CLA го презема местото на Renault 5 E-Tech, кој ја освои титулата минатата сезона. Ова е втор пат во историјата на Mercedes-Benz и во 62-годишната историја на “Автомобил на годината” германскиот бренд освојува посакуваната награда. Последен пат ја освоија во 1974 година со Mercedes-Benz 450 SE/SEL. Тоа беше пред 52 години.
Свеченоста, која се одржа на пладне, ја презентираше британската новинарка Вики Парот, во придружба на претседателот на жирието, Сören В. Расмусен (Данска), и претседателот на Организациониот комитет, Алберто Сабатини ( Италија).
По објавувањето на одлуката од 23 држави и 59 жури, Mercedes CLA беше моделот со најмногу гласови, и со тоа новиот автомобил на годината, со 320 поени, пред Škoda Elroq, кој доби 220 поени, и Kia EV4 со 208 поени. Четвртото место го зазеде Citroën C5 Aircross со 207 поени, а по него дојде Fiat Grande Panda со 200 поени. Шестото место му припаѓа на Dacia Bigster со 170 поени, а седмото на Renault 4 со 150 поени.
Mercedes-Benz CLA беше моделот кој доби најмногу први места од судиите, со 22, додека Citroën C5 Aircross беше фаворизран од 15 новинари во жирието. Третиот најпопуларен модел беше Fiat Grande Panda, со 9 први места, следен од Škoda Elroq со 8. Kia EV4 беше автомобилот кој доби највисоки оценки од двајца жури, додека никој од нив не ја одбра Renault 4 оваа година (која страдаше што беше наследник на победникот од минатата година, Renault 5 E-Tech, и победникот за 2024, Renault Scénic).

