Peugeot 408 е најфраерското возило?! А дали знаеш дека истиот овој модел го вози и македонската полиција?! Да, ова е еден од најфраерските дизајни кои ги има Peugeot, и ме радува што и МВР ќе вози вакви возила, кои се претставителни, уникатни и дефинитвно одлични со перформанси. Несакам да се мешам во политика, ама морам да бидам искрен дека се радувам за првпат во мојот живот на полициско возило, што имаат направено добар избор, но да не го асоцирам 408 само како полициско возило, бидејќи е многу повеќе од тоа.. Изгледа луксузно, има уникатен дизајн кој е во недефиниран сегмент и тоа го обожавам, доаѓа со убава опрема и добра цена. Во ова видео го претставувам моделот 408 и исто така ви прикаѓувам што всушност ќе вози и македонската полиција. Секако погледни го видеото и направи Subscribe бидејќи ми значи вашата поддршка, за да можам да добијам уште поинтересни модели на тест. #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!

