Имав прилика да го возам автомобилот кој привлече можеби најголемо внимание – Chery Arrizo 8 PHEV и тоа пред премиера, што значи дека сеуште немаме официјален ценовник се очекува да биде со многу пониска цена од 36,000 евра, но според она што го нуди, она со што е опремен да беше со беџ кој досега скапо сме го плаќале, тогаш овој модел без сомневање ќе чини над 70,000 евра. Среќа наша што го имаме Chery и што имаме еден одличен седан кој ги руши сите бариери и за хибридно возило, и за седан што за жал интересот за овој сегмент опаѓа, но добиваш сериозен автомобил за цена која ќе те остави со подотворена уста! Инаку да во моментов имате ценовник за бензинската озведба која започнува со цена од 23,900 евра!

