Незнам дали сме свесни.. Ама сведоци сме на една историја на една убава македонска приказна! Трикратен шампион – извинете Европски шампион, прв Македонец кој вози за Ферари – за ФЕРАРИ! Човек кој се натпреварува во категорија каде конкурентите имаат 300-500 килограми помалку и повторно застана на пиедестал – заврши трет во генерален пласман! Треба да си го чуваме и почитуваме тоа што го имаме, она на кое цел свет му се поклонува. Бидејќи вакво нешто немало до сега во Македонија, а го нема ни многу подалеку од Македонија! И да ова беше неговата 200 тата трка во кариера! Им благодарам на Мотоцентар кои ми дадоа прилика да бидам дел од нивниот тимбилдинг и да ја гледам оваа трка!

