Се потрошија многу пари за негово средување за да се дојде до моментот ова да биде најдобриот модел од оваа генерација на понуда. Веќе се каам, криво ми е.. Ми фали Фроги!
Можеби згрешив а можеби и не, ама дефинитивно Фроги за мене е еден од најдобрите Cayenne кои сум ги возел и повеќе е од сигурно е дека ќе се вратам повторно на оваа генерација за брзо време. Многу спонтано искочи се ама па затоа веќе дојде новиот проект кој веќе можете да го видите..
Искрено многу ми е криво што целата приказна со Фроги искочи така негативно со сите негови средувања и трошоци и дефекти, ама од друга страна ова е еден од автомобилите кој најмногу сум го сакал! Што мислите вие за Фроги?!
Секако и што мислите за мојот нов проект?! Пиши ми во коментар и секако придружи ни се! #RPMmk е најпопуларниот автомобилски Youtube канал во Македонија!
Од оваа епизода имаме и нов поддржувач на каналот тоа е Авто Школа Мартин – со кого многу наскоро ќе имаме еден интересен проект!

