Кога се купува ново возило секогаш треба да гледаме да добиеме добра понуда на цена и опрема исто така и перформанси. Но нешто што исто така е многу важно да знаеме и да внимаваме е и безбедноста.
Денес имаме на понуда голем број на возила кои нудат голем број на безбедносни системи, и не треба само да кажуваме дека ги имаат туку и како функционираат. Ова е многу важен фактор бидејќи тие се сега и дел од тестирањето на безбедноста на возилата според стандардот на EURO NCAP.
Како дополнително на сето ова се поставува и прашањето за безбедноста на кинеските возила од кои периодов имаме огромна понуда. Неодмна имав можност да присуствувам на европската премиера на еден кинеско – шведски модел, поточно Lynk&Co 02. Бренд кој е во групацијата со Volvo кој е синоним за безбедност, и сега конечно имаме и на доказ колку овој модел е безбеден и со која оцена е оценет од EURO NCAP – видеото е во прилог..

