Делфино Мобилити Груп ја доби наградата за најдобарсалон на GEELY за 2024 година
Со особена чест и гордост сакаме да соопштиме декаДелфино Мобилити Груп, ја доби наградата за најдобарGEELY салон во 2024 година. Признанието беше доделенона свечена церемонија во Хангџу, Кина, од страна наGEELY AUTO, еден од најголемите и најиновативниавтомобилски производители во светот.
Оваа награда претставува значаен момент за нашатакомпанија и признание за континуираната посветеност, професионализам и тимска работа во претставувањето набрендот GEELY на македонскиот пазар. Таа е резултат назаедничките напори на целиот тим на Делфино МобилитиГруп – од продажба и постпродажба, до маркетинг, администрација и логистика – кои секојдневно работат соедна заедничка цел: да го донесат врвното GEELY искустводо македонските потрошувачи.
Нашата визија отсекогаш била јасна – да изградиме довербаво еден нов, квалитетен и технолошки напреден бренд какошто е GEELY, и да покажеме дека на македонскиот пазарпостои простор за квалитетна алтернатива која нудимодерен дизајн, напредна технологија и одличен соодноспомеѓу цена и добиена вредност.
Наградата за најдобар салон е потврда дека се движиме вовистинската насока, и дека нашите вредности – посветеносткон клиентите, транспарентност, иновативност и професионален пристап – се препознаени и од саматакомпанија GEELY AUTO на меѓународно ниво.
Голема благодарност упатуваме до GEELY AUTO задовербата и поддршката, до сите наши вработени завложениот труд, како и до нашите клиенти кои се одлучијада ѝ дадат шанса на GEELY. Ова признание е за сите нас.
Со оваа награда, добиваме дополнителна мотивација и обврска да продолжиме со уште поголем ентузијазам, дарастеме и да бидеме уште подобри – за нашите клиенти, забрендот GEELY и за иднината на мобилноста воМакедонија.
ПР Соопштение
